• Home
  • Сведоштва

Сведоштва

Тоа што сум член на кулинари за мене значи постигнување на мојата животна цел да бидам готвач,но и стекнување на нови работи кои не се поврзани со готвењето. Особено ми е важна дружбата со целиот тим на кулинари, обуките кои ми ги пружија и запознавањето на познати готвачи како Марк Де Јонг, Питер Татар и Петар Шокаровски.

Симона Илковска

Проектот кулинари според мене е едениствен проект за млади кој се залага од деца ученици (готвачи), инвестира во нив и ги помага еден ден да станат познати готвачи.Учеството во проектот ми овозможи да видам низ се што поминале готвачите а исто така дознав дека е многу лесно да ги косристиш социјалните мрежи како (твитер, снапчат, фејсбук) Од ова дружење научив како подобро да ги совладувам вештините со луѓе, интензивно да се дружам и помагам со останатите  кулинари. Најголема мотивација ми е да научам повеќе за карвингот и да го практикувам. Полека но сигурно зачекорив во таа област и почнав да правам фигури од овошје на кои сум особено горд.

Стефан Димковски

Да си член на кулинари значи иднина, значи голем скок во кариерата, поголема перспектива за понатака, и поголем пријателски круг. И желба ми е, иницијативата Coolinari.mk да стане светска !

Јован Богдановски

Кулинари за за мене е место каде што се дружиме сите и најбитно од се е дека професионално се надоградуваме во гастрономијата. Со кулинари ја научив основата на готвењето, го засакав уште повеќе и научив да работам без трема. разните проекти на кои што учествувам ми овозможија  да запознаам уште повеќе луѓе и да научам многу нови рецепти на кои особено сум горд.

Кузман Ацевски

За мене кулинари се од особено значење пред се поради дружењето што ни го овозможи, посебно со познати готвачи како Марк де Јонг, Петар Татар. Учестувањето на настани каде што имавме можност да си ги прикажеме нашите вештини а посебно настаните на кои што можевме да научиме плус уште некој трик во готвењето.

Даниела Лазаревска