• Home
  • Генерација I

Генерација I

Амер Амеровиќ

Младиот готвач Амер Амеровиќ своето образование го стекнува во училиштето „Лазар Танев“ каде посветено и исполнително ги учи тајните на гастрономијата.
Неговото практично искуство се одвива во рамки на ресторанот при Домот на АРМ во Скопје, каде во текот на 3 годишниот практикантски ангажман (тој е сеуште на оваа позиција) стекнува и усовршува најразлични кулинарски вештини. Скалдирањето на стока и продукти, одржувањето на ладилниците за месо, подготовка и сечење на месото за употреба и генерална грижа за редот и хигиената на работното место се дел од основните обврски кои Амер ги исполнува низ повеќегодишната пракса во овој ресторан.
Подготовката на храна на жар и специјалитети од традиционалната македонска кујна се неговиот предизвик за усовршување и желба за кулинарско достигнување по кое тој сака да биде препознаен во иднина, како меѓу локалните и интернационалните вкусувачи на неговите специјалитети, така и меѓу колегите од својата струка.

Стефан Димитриевски

Стефан Димитриевски е млад готвач со практикантско искуство во различни реномирани угостителски објекти и хотели. Во рамки на својот практикантски ангажман има работено како помошник готвач и салатер во Хотел Молика-Пелистер каде учествува во поготовка на пансионска храна и се усовршува во подготовка на месо,но исто така се насочува и надградува и во областа на складирање на стока и продукти.Подготовката на уникатни сосови и кремови,како и приготвувањето на специјалитети од кубанската кујна е дел од неговото работно искуство во Кубанскиот ресторан во Скопје. Стефан е вклучен во кетеринг услугите (подготовка на храна за катеринг) кои ги нуди училиштето и својот личен предизвик го гледа во споделување на своето знаење и кулинарски вештини со своите ученици и колеги. Како динамичен и креативен млад готвач Стефан себеси се гледа како дел од големи тимови кои подготвуваат врвна храна и заедно успеваат во пронаоѓањето на совршениот рецепт.

Ѓорѓи Домазетов

Ѓорѓи Домазетов е млад кулинар кој својот жар во професиојата го пронаоѓа токму во подготвовката на месо на жар. Како експертиза во своето готвачко искуство тој го наведува целиот процес на подготовка на храна од месо: од одржувањето на ладилниците до сечењето на месото и понатамошното негово приготвување до совршен оброк. Освен ова, тој со задоволство подготвува и салати и ладни јадења. Од 2011 година се наоѓа на позицијата помошник готвал/практикант во ресторанот Пелистер во Скопје.Негово хоби е дизајнирање на веб страници и мултимедијално изразување. Во слободно време својата професија и хоби ги комбинира во водење на личен блог на кој објавува инспирирачки дигитални дизајни од храна,интересни рецепти и визуелен материјал од областа на кулинарството.

Јована Петровска

Јована е ученичка во училиштето Лазар танев во насока готвачи.Во своето практикатско искуство таа наведува разлилни должности: учество во подготовка на катерингот во училиштето и подготовка на салати и скара во Ресторан 14. Јована е млад готвач кој практикува највисоки стандарди во хигиената. Својата педатнонст и љубов кој храната ја демонстрира во делот на декорација на пдоготвената храна. Коминациите на разни зеленчуци и иновацијата во вкусот на една салата подготвена со различни сосеви е нејзин личен предизвик во кујната во кој ужива и се надградува.

 

 

Александар Трајковски

Александар Трајковски има богато практично искуство во струката кое го стекнува преку практикантскиот ангажман во Дом на АРМ во Скопје и Хотел Белви. На овие позиции Александар врши различни должности од требување и набавка на продукти до подготовка на чорби, салати и храна за персоналот. Како млад готвач со високи стандарди во хигиената и професионалноста тој е одговорен и за хигиената и редот на работното место,за што е препознаен од соработниците.
Усоврпувањето на своите вештини Александар го гледа во областа на кетерингот и затоа тој во своето искуство особено го истакнува ангажманот во подготовката на кетеринг услуги кои ги нуди училиштето.Тимската работа со своите соученици му претставува особено задоволство и тој себеси се гледа како дел од големи и успешни тимови во кујна.

Мухамед Рашитов

Мухамед е млад готвач кој своето образование го стекнува во струката готвачи. Формалното образование одлично го има надополнето со пракса, и се има стекнато со искуство во рестораните “Холидеј Ин” “Скопски мерак” и ресторан “Ања”. Неговото внимание кон детали е неговата главна особина преку која тој ја искажува својата љубов кон професијата. Секогаш професионален и добар тимски играч, Мухамед има одлични познавања на ХАЛАЛ системот, а негова специјалност се подготовката на пекарските продукти.

Никола Михајловски

Никола Михајловски доаѓа од Куманово и е ученик во трета година, насока готвач. Се одликува со иницијативност и решителност при работа во кујна, и е одличен тимски играч. Неговата пасија се македонските традиционални јадења подготвени со варива и гарнири. Поседува практично искуство во ресторанот “Грација”, а исто така е инволвиран и во подготовка на кетерингот на училиштото каде што учи. Секогаш отворен за учење на нови работи, неговиот сон е да стане шеф на кујна во реномиран ресторан.

Филип Ангелов

Филип Ангелов е ученик во трета година, насока готвач. Љубопитноста и креативноста кон храната ја искажува со истражување на нови рецепти. Дел од неговиот рецепти се објавени во реномираното списание “Храна и вино”. Пракса има стекнато во Хотел “Холидеј Ин” и ресторан “Дојрана”, Скопје, хотел “Алпина”, Маврово и во хотелот “Слив”, Виница. Прецизен е исполнителен во работењето и има искуство во подготовка на салати, традиционални и интернационални јадења.

Антонио Ѓорѓиевски

Антонио Ѓорѓиевски е млад и особено инвентивен готвач кој своето образование го стекнува во стручното училиште „Лазар Танев“.
Антонио има практиканство искуство на позициите помошник-салатер и помошник готвач во рамки на ресторанот „Дукат“ во Скопје.Во овој ресторан тој ја усовршува подготовката на чорбите по кои е познат овој угостителски објект, и каде учествува во подготовката на храна за персоналот. Во рамки на ова искуство тој развива особен интерес и вештини за подготовка на сепцијалитети од вегетаријанската кујна и се усовршува во областа на подготовка на пекарски продукти.
За време на својот претходен ангажман како практикант во мензата на рафинеријата „ОКТА АД-Скопје“ Антонио учествува во подготовките на храна за персонал од 400 вработени, при што ја усовршува брзината во готвењето и своите лични вештини за комуникација и работа во големи тимови.
Антонио ја работи својата професија со љубов и задоволство гледајќи предизвик во секоја новина и можност за учење од секоја кујна и професионален тим. Покрај вкусните јадења кои се направени од рацете на овој млад готвач, тој својата професионалност во работењето ја докажува и преку практикувањето на високи стандарди за хигиена и ред на работно место.

Марија Алексовска

Марија Алексовска е ученичка во средното училиште „Лазар Танев“ во насоката:готвачи.
Таа има разновидно искуство кое го стекнала за време на обавувањето на практиканството во различни угостителски објекти и работејќи во припремањето на храна за кетеринг услугите на училиштето.
Своето прво пркатично искуство во работата го има во ресторанот „Казабланка“ каде врши најразлични задачи: од припрема на садови за употреба и расчистување на кујната, до подготовка на храна за персоналот во ресторанот. Како практикант во овој ресторан, Марија учествува и во подготовката на супи, салати и различни јадења на скара.
Во рамките на нејзиното следно практиканско искуство, кое се одвива од 2012 до 2013-та година во ресторанот „Уранија“ , Марија го открива рецептот за десерт за кој вели дека денес е препознатлива -семифредо. Во овој ресторан Марија се сретнува со нови задачи и предизвици кои лесно ги надминува и денес ужива во нивното усвршување: подготовка на пекарски продукти и инвентивен пристап во подготовката на разни чорби и потажи.

Милан Спасовски

Милан е амбициозен млад готвеч, ученик во трета година, насока готвач. Неговата специјалност и инспирација се главите јадења на жар, потоа подготовка на сосови и гарнири за главни јадења. Своето искуство го има стекнато на позиција асистент на главниот готвач во ресторанот Ексклузив како и готвач во ладна кујна во ресторанот Пелистер. Исто така има искуство во требување на храна и продукти и активно се служи со англискиот јазик

Филип Стојанов

Филип е ученик во трета година насока готвач. Неговиот сон е да биде главен готвач и да подготвува храна за големи настани и прослави. Тој се стреми да ги усоврши практичното и визуелното и се одликува со брзина во работење и поседува способност за декорација. За да го оствари својот сон тој до сега има искуство како практикант во хотел Континтал каде што работи на подготовка на храна и кетеринг за големи прослави кои опфаќаат на над 100 луѓе. Исто така бил одговорен и за подготвка на храна за персоналот на хотелот. Останатото негово искуство вклучува практикантска работа во рестораните Балканика и Идадија. Преку овие работни позиции има развиено тимски и комуникациски вештини.